„Не давајте пари, заработуваат повеќе од сите нас“, доктор Лазаров алармира за лажни просјаци на клиниките
Доктор Ненад Лазаров преку објава на социјалните мрежи алармира за, како што наведува, организирано лажно просење во кругот на клиниките. Според него, лица кои се претставуваат како просјаци и инвалиди, а не се, се распоредуваат околу болниците и ги таргетираат најранливите граѓани што доаѓаат по здравствена помош.
Во објавата, доктор Лазаров наведува дека најчесто жртви се сиромашни и изнемоштени лица кои, од сочувство, им даваат пари од последните средства што ги имаат. Тој тврди дека станува збор за организирана мрежа која секојдневно собира значителни суми пари, кои потоа се укрупнуваат по локални продавници, па дури и во црквата во кругот на клиничкиот центар.
Доктор Лазаров посочува случај во кој, според негово сведочење, едно од лицата собрал и укрупнил 7.000 денари. Дополнително, наведува дека лицата доаѓаат и си заминуваат со автомобили.
Toj апелира до граѓаните да не даваат пари и повикува надлежните институции да преземат мерки за спречување на ваквите појави, особено во чувствителни зони како што се здравствените установи.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
