Кошарка
30. October 2016 - 13:28

НБА: Триумфи за Кливленд и Сан Антонио

Екипите на Кливленд и Сан Антонио кои и сезонава важат за главни фаворити за шампонскиот трофеј во кошаркарската НБА лија продолжуваат со победите. 
 
До третиот триумф во исто толку средби шампионот Кливленд ситигана пред својата публика со победата над Орландо со 105:99, додека Сан Антонио ги израдува смоите симпатизери со триумфот над Њуорленс со 98:79. 
 
Најнеизвесниот меч од синоќешните натпревари се одигра во Денвер каде по дополнителните пет мининути победа оствари гостинскиот тим Портланд со 113:115.
 
На останатите натпревари беа постигнати овие резултати: Шарлот– Бостон 98:104, Њујорк– Мемфис 111:104, Чикаго– Индијана 118:101, Милвоки– Бруклин 110:108 и Сакраменто– Минесота 109:103.