Кошарка
14. February 2017 - 11:00

НБА: Трипл дабл на Јокиќ и пораз на Г.Стејт

Младиот српски центар Никол Јокиќ со вториот трипл дабл во кариерата го сруши најдобриот тим во лигата Голден Стејт Вориорс, во натпревар во кој Денер го победи вицепрвакот со 132:110.
 
Денвер против лидерот во НБА лигата одигра совршен меч го израмни рекордот во лигата според бројот на постигнати тројки (24/40). Идентичен број на тројки сезонава уфрли и тимот на Хјустон но од 61 обид.
 
Јокиќ блескаше со трипл дабл од 17 поени, 21 скок (рекорд на кариерата) и 12 асистенции. 21-годишниот центар сам имаше само шест скокови помалку од целиот тим на Голден Стејт.
Покрај Јокиќ белскаа и останатите млади играчи на Денвер, Хуан Ернангомез со 27 поени беше најефикасен играч на мечот, Вил Бартон постигна 24 поени, а Џамир Нелсон 23 поени.
 
Победата на Денвер е уште позначајна бидејќи до неа стигнаа без повредените Кенет Фарид, Данило Галинари, Вилсон Чендлер, Дарел Артур и Ентони Мудијај.
Голден Стејт играше без Заза Пачулија и Клеј Томпсон, најеофикасен беше Кевин Дурент со 25 поени, додека Стеф Кари уфрли само 11 кошеви.
 
Голден Стејт и покрај поразот останува лидер во лигата со 46 победи и 9 порази, додека Денвер има скор од 24 победи и 30 порази.
 
Резултати: Шарлот – Филаделфија 99:105, Индијана – Сан Антонио 106:110, Бруклин – Мемфис 103:112, Мајами – Орландо 107:116, Милвоки – Детроит 102:89, Вашингтон – Оклахома 120:98, Далас – Бостон 98:111, Денвер – Голден Стејт 132:110, Феникс – Њу Орлеанс 108:110, Јута – ЛА Клиперс 72:88, Портланд – Аталанта 104:109.
https://