НБА суспендираше петмина кошаркари за тепачката во Минеаполис

Раководството на НБА лигата суспендираше вечерва пет играчи вклучени во тепачката што се случи на натпреварот меѓу Детроит и Минесота (104-123), одигран во неделата во Минеаполис.
Инцидентот се случи во втората четвртина, откако кошаркарот на Детроит Рон Холанд го фаулираше Наз Рид. Дојде до нивна вербална расправија, по што се вклучи играчот на Минесота, Донте ДиВинченцо, а потоа и други играчи, што предизвика голем метеж на паркетот.
Играчот на Детроит, Ајзеа Стјуарт е суспендиран два натпревари без плата, поради неговата „повторена историја на неспортско однесување“, се вели во соопштението на директорот за кошаркарски операции на НБА, Џо Думарс.
Четворица други инволвирани во инцидентот се суспендирани по еден натпревар без плата – Рон Холанд и Маркус Сасер од Детроит, и Наз Рид и Донте ДиВинченцо од Минесота.
Ново на Сител
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
