НБА суспендираше петмина кошаркари за тепачката во Минеаполис

Раководството на НБА лигата суспендираше вечерва пет играчи вклучени во тепачката што се случи на натпреварот меѓу Детроит и Минесота (104-123), одигран во неделата во Минеаполис.
Инцидентот се случи во втората четвртина, откако кошаркарот на Детроит Рон Холанд го фаулираше Наз Рид. Дојде до нивна вербална расправија, по што се вклучи играчот на Минесота, Донте ДиВинченцо, а потоа и други играчи, што предизвика голем метеж на паркетот.
Играчот на Детроит, Ајзеа Стјуарт е суспендиран два натпревари без плата, поради неговата „повторена историја на неспортско однесување“, се вели во соопштението на директорот за кошаркарски операции на НБА, Џо Думарс.
Четворица други инволвирани во инцидентот се суспендирани по еден натпревар без плата – Рон Холанд и Маркус Сасер од Детроит, и Наз Рид и Донте ДиВинченцо од Минесота.
Ново на Сител
-

УНИЦЕФ: Во Појасот Газа за три месеци загинаа повеќе од сто деца
-

Најстудено утрово во Берово, 25 сантиметри снежна покривка на Попова Шапка
-

Повторно отворен воздушниот простор на Иран
-

Почнува Европско првенство во ракомет 2026
-

Трамп: Украина го успорува евентуалниот мировен договор
-

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии
-

Лидерите на партиите во ЕП бараат конкретна и опиплива поддршка од ЕУ за Гренланд и Данска
-

Утринска магла и ветер од западен и северозападен правец
