-->
-->
НБА: Прекината серијата на Г.Стејт
-->
Голден Стејт загуби од Јута по серијата од 14 последовни победи, додека Кливленд по поразот во Мајами најверојатно нема да ја освои титулата во Источната конференција, туку таа ќе оди во Бостон.
Јута води голема борба со ЛА Клиперс за освојување на четвртото место во Западната конференција, а по победата во Оукленд над Голден Стејт, играчите од Солт Лејк Сити се чекор поблиску до оставрување на таа цел.
Јута славеше 105:99 и ја прекина низата од 14 победи на најдобриот тим во лигата. Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, во последната четвртина реши да ги одмори најдобрите играчи, што Јута го искористи за дазабележи значајна победа. Хил и Џонсон со по 20 кошеви ја предводеа Јута, а Руди Гобер имаше шчинок од 17 поени и 18 скокови.
Кај Голден Стејт Стеф Кари постигна 28, а Кевин Дурент имаше 16 поени и 10 скокови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат