Кошарка
11. May 2023 - 10:02

НБА-плејоф: Голден Стејт намали против Лејкерс, Њујорк со Мајами

Голден Стејт вориорс утринава на домашен терен го победи Лос Анџелес лејкерс со 121:106  во петтиот натпревар од второто коло на плејофот на НБА. „Воините“ намалија на 2:3 во серијата прв до четири.

Стеф Кари со 27 поени беше најефикасен во победничкиот тим, Леброн Џејмс со 25 поени се истакна во тимот од Калифорнија.

Шестиот натпревар во серијата ќе се одигра на паркетот на Лејкерс утревечер со почеток во 22 часот по македонско време.

На другиот натпревар одигран ноќта среда кон четврток, Њујорк никс го победи Мајами хит со 112:103 и намали на 3:2.