-->
-->
НБА плеј оф: Хјустон во полуфинале, Сан Антонио и Јута водат со 3-2
-->

Кошаркарите на Хјустон се пласираа во полуфиналето на плеј офот откако на домашен терен во натпреварот број 5 ја победија Оклахома Сити со 105:99 и со 4-1 во победи обезбедија настап во следната рунда. Најефикасен на дуелот кај победникот беше Џејмс Харден со 34 поени, додека Расел Вестбрук остана без уште еден „трипл-дабл“ со 47 поени, 11 скокови и 9 асистенции. Тој сепак во плеј офот има просек на „трипл-дабл“ 31.6 поени, 10.7 скокови и 10.4 асистенции.
Хјустон во следната фаза ќе игра со подобриот од дуелот Сан Антонио - Мемфис.
Ноќеска Сан Антонио победи на домашен терен со 116:103 и поведе со 3-2 во добиени натпревари.
Триумф на гости оствари Јута со 96:92 и води против ЛА Клиперс со 3-2 во победи и следниот натпревар го игра на домашен терен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Нема договор со Техеран без „безусловна капитулација“ на Иран
-

Гутереш: Војната во Иран може да излезе од контрола
-

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон
-

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција
-

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА
-

Изненадете ја на 8 Март – подарете „Среќа плус“!
-

Кавадарчанец измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза
-

Тошковски: Секој полицаец ќе даде максимум за спречување на насилство, но потребен е поефикасен институционален одговор
