Кошарка
29. November 2016 - 10:11

НБА: Кој да го запре Вестбрук

Бекот на Оклахома сериозно ја истакнува кандидатурата за МВП на сезоната бидејќи во првите 19 натпревари во просек бележи „трипл дабл“ на секој натпревар.
 
Оклахома победи во Њујорк 112:103, го забележа 11-от триумф во 19-от натпревар сезонава. Вестбрук забележа нов „трипл дабл“, кој е негов 45-ти во кариерата.
Бекот на Оклахома натпреварот го заврши со 27 поени, 18 скокови и 14 асистенции. Неверојатен е податокот дека Вестбрук во првите 19 мечеви во просек бележи „трипл дабл“ на секој натпревар (30,9 поени, 11,3 асистенции, 10,3 скока).
https://