Кошарка
6. May 2017 - 9:06

НБА: И трета победа за Кливленд против „Рапторс“

Кошаркарите на Кливленд предводени од извонреднот Леброн Џејмс поведоа со 3-0 во плеј-оф серијата против Торонто. 

Ноќеска Кавси славеа со 115-94 вои меч во кој Леброн имаше 35 поени во натпреварот, од кои 13 во последнат четвртина,. Со овој триумф Кливленд оствари  седум победи едноподруго во плеј-офот. Џејмс има вкупно 240 поени во тие седум натпревари, што е најмногу откако Коби Брајант исто така постигна 240 во првите седум од плеј-офот во 2008.
 
Тој има просек од 34.3 поени, 9 скока и 7.3 асистенции, по што изјави дека нема што да докажува во НБА-лигата, туку дека гладот за титули е најважен.
 
„Што имам друго да докажам? Освоив титули. Ја освоив првата за мене, победував за колегите, дојдов дома и тука победив. Што имам друго да докажам? Сега е важно д е победува. Тоа е најважното“, вели Џејмс.