НБА: Голден Стејт и Орландо изборија место во плејофот
Кошаркарите на Голден Стејт се пласираа во првото коло од плеј-офот на Западната конференција во НБА, совладувајќи го Мемфис рано утрово на својот терен во Сан Франциско со 121:116.
Џими Батлер беше најефикасен во тимот на Голден Стејт со 38 поени, додека Стивен Кари додаде еден поен помалку.
Голден Стејт во плејофот ќе влезе од седмата позиција и во првото коло ќе игра против Хјустон, додека Мемфис в петок ќе има шанса да влезе во плејофот од осмото место, кога во вториот плеј-ин натпревар ќе игра со победникот од дуелот меѓу Сакраменто и Далас.
Орландо се пласираше во првото коло од плејофот на Источната конференција, откако ја совлада Атланта со 120:95, предводен од Кол Ентони, кој постигна 26 поени.
Орландо во плеј-офот ќе влезе од седмата позиција и во првото коло ќе игра против Бостон, додека Атланта в петок ќе има шанса да влезе во плејофот од осмото место, кога во вториот плеј-ин натпревар ќе игра со победникот од дуелот меѓу Чикаго и Мајами.
Ново на Сител
-
Владата додели национални признанија на 19 спортисти за врвни достигнувања во спортот
-
ДУИ реагира зошто меѓу спортистите кои добија национални признанија нема Албанци
-
И пулмолози од Скопје ќе одат во кочанската болница - Од наредната недела почнува рехабилитацијата на Пониква за повредените од пожарот
-
Странските влијанија и можноста за отпор против лажните вести
-
Експертска дебата по препораките на Брисел за реформи на Судскиот совет
-
Опасни карпи се дробат рачно и со механизација, делницата Дреново-Фариш наскоро во сообраќај
-
Преглед на вестите од светот
-
Научно-стручна распава по предлог-законот за Судски совет