Кошарка
31. January 2024 - 8:31

НБА го објави составот на „Ѕвезди во подем“ за Ол-стар викендот

НБА го објави списокот за натпреварот со „Ѕвездите во подем“.

Дваесет и еден НБА играч, вклучувајќи ги дебитантите Виктор Вембањама и Чет Холмгрен, и седум играчи од „Г лигата“ се на списокот за Ол-стар викендот на 16 февруари во Индијанаполис.

Дебитантите (11) и кошаркарите кои втора година се во лигата (10) ќе бидат поделени во три тима за време на специјалниот драфт во вторник, 6 февруари, а претставниците на Развојната лига ќе го сочинуваат четвртиот тим.

На мини-турнирот ќе настапат четири екипи од по седум играчи.

Тренери кои ќе ги предводат тимови ќе бидат: Пау Гасол, чиј тим победи на минатогодишниот турнир, Тамика Кечингс, Џејлен Роуз и Детлеф Шремпф.