Кошарка
8. February 2017 - 11:04

НБА: Драмата во Далас за Портланд

Три натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, а најинтересно беше на дуелот помеѓу Портланд и Далас.
 
Гостите од Портланд го добија трилерот со поените на Си-Џеј Мекалум на 0,3 секунди до крајот на мечот. Далас успеа да направи пресврт, дури и да стигне до предност со тројката на Дирк Новицки 113:112, постигната на 3,9 секунди до истекот на регуларното време, но потоа Мекалум погоди флоутер за победа на Портланд.
 
Бековите Мекалум и Лилард го предводеа Портланд до победата. Мекалум постигна 32, а Лилард 29 поени, додека центрите Мејсон Пламли и Ал-Фарук Амини имаа двојни ефекти, првиот од 12 поени и 15 скокови, а вториот 12 поени и 11 скокови.
 
Кај домаќинот најдобар беше Херисон Барнс со 26 поени, а ветеранот Новицки постигна еден поен помалку.
 
Хјустон рутински славеше над Орландо 128:104. Четворица играчи на Хјустон постигнаа двоцифрен број на поени: Харден (25 поени, 13 асистенции, 6 скокови), Ариза (20 поени), Гордон (18 поени), Капела (17 поени, 9 скока).
 
 
 
Шарлот со малку потешкотии славеше во дуелот со најлошиот тим во лигата, Бруклин. Седуммина играчи на Шарлот постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасни во победата 111:107 беа Белинеи, Батум и Вокер со по 17 кошеви. крај/мф/нц