Македонија
29. October 2017 - 9:50

Навреме и непречено почна гласањето во Долнени

Точно навреме, во 7 часот, се отворени сите 40 избирачки места во општина Долнени. Нема никакви проблеми и гласањето почна непречено, изјави Зоран Здрвески, претседател на Општинската изборнха комисија.

- Во вториот круг од локалните избори своето право на глас може да го искористат 11.520 запишани гласачи во единствениот избирачки список. Жителите на оваа мултинационална општина може да се определат за еден од двајцата кандидати за градоначалник. Имаме најава дека денешниот тек на изборите ќе го следат набљудувачи од ОБСЕ и од невладината ор4ганизација МОСТ, рече Здравески.

Вчера своето право на глас го искористија 58 болни и изнемоштени лица кои гласаа во своите домови.