-->
-->
Навивачите не забораваат, избркан по само 7 часа!
-->

Серхио Гвардиола, во понеделникот, потпишал договор со Барселона во 15 часот, а нешто пред полноќ добил отказ!
Серхио Гвардиола Наваро парафираше едногодишен договор со Барселона Б, но добил отказ откако навивачите на каталонскиот клуб реагирале до раководството за навредливите коментари кон Барселона, кои Гвардиола Наваро во минатото ги пишувал на Twitter.
Имено, младиот фудбалер во 2013 и минатата година оставал навредливи коментари за Барселона и Каталонија, а во суперлативи коментирал сè што е поврзано со Реал Мадрид.
Гвардиола Наваро се обидел да се оправда дека коментарите ги оставал пријател кој го искористил неговиот Twitter налог, но раководството на Барселона сепак решило да го раскине договорот по само седум часа и 13 минути.
Гвардиола кој не е во никаква роднинска врска со славниот тренер ќе влезе во историјата како фудбалер кој бил член на клуб за кој не одработил ниту еден тренинг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Акутната фаза на епидемијата е во смирување
-

Пет пациенти на Инфективна клиника со западно-нилска треска
-

Мицкоски: Следната недела очекувам големо намалување на цените на бензините
-

Градежни активности на нов стадион, инфраструктурни проекти и патна инфраструктура во Општина Илинден
-

Оризопроизводителите бараат слободен увоз на препарати
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
