Навални условно осуден на пет години затвор, но планира да ја продолжи кампањата

Судот во рускиот град Киров денеска рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, го прогласи за виновен за измама, и му изрече условна казна од пет години затвор и парична казна од околу 8.500 долари. Навални најави дека ќе поднесе жалба и дека без разлика на пресудата ќе учествува на претседателските избори во Русији во 2018 година.
- Не ја признавам оваа пресуда. Ги имам сите права да учествувам на изборите, во согласност со Уставот, и тоа и ќе го сторам, изјави Навални, пренесуваат британските медиуми.
Навални тврди дека оваа судска пресуда е сигнал од Кремљ дека го сметаат за премногу опасен.
- Тоа што сега го гледаме е еден вид телеграма, испратена од Кремљ, со која всушноста признаваат дека јас, мојот тим и луѓето кои ги претставувам се премногу опасни за да ни дозволат да учествуваме во кампањата, додаде тој.
Американските медиуми претходно ја објавија изјавата на неговиот соработник Леонид Волков дека предизборната кампања на Навални, почната во декември, ќе продолжи и покрај тоа што пресудата формално му брани учество во кампањи.
Во својата објава на Фејсбук Волков наведе дека Кремљ ќе го има крајниот збор за тоа дали Навални ќе биде потврден како претседателски кандидат.
- Ова е политичка одлука и ние мораме да победиме преку кампањата, рече Волков.
Американските медиуми потсетуваат дека Навални бил еден од главните иницијатори на масовните анти-владини протести во Русија во 2011 и 2012 година.
Навални претходно изјавуваше дека е невин и дека пресудата нема да го спречи во претседателската кампања, иако, според рускиот закон, лицето кое има криминално досие, не може да се кандидира за претседател десет година по пресудата, освен доколку таа одлука не ја потпише повисок суд.
Шефот на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права Мајкл Џорџ денеска изрази загриженост заради пресудата на рускиот суд за вмешаност на Навални во измама.
Ново на Сител
-

Одбележан 4 април, Денот на тутунските работници - се бара поголема поддршка од државата
-

За прв пат Лазарева поворка во Охрид
-

Потрага по пилотот на соборениот американски авион во Иран
-

Преглед на вестите од светот
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
