Навални приведен на московскиот аеродром Шереметјево
Рускиот опозиционер Алексеј Навални откако слета на московскиот аеродром Шереметјево, задржан е во притвор.
Навални и покрај предупредувањето дека ќе биде затворен, тој денеска полета од Берлин, каде каде му беше укажана лекарска помош откако во август минатата година беше отруен со нервен агенс „Новичок“.
Претходно, официјална Москва го предупреди Навални дека ако до 30 декември не се врати во Русија, ќе биде уапсен бидејќи не ги испочитувал обврските за условните казни.
Навални има две условни казни по пет години за случаите „Кировлеса“ и за „Ив Роше“. Во првиот случај е обвинет за проневера од над 16 милиони рубљи (околу 180.206 евра), а за вториот за проневерени повеќе од 30 милиони рубљи (околу 337.886).
Авионот со кој патуваше Навални наместо на Внуково слета на аеродромот Шереметјево.
Првично пилотот најавил доцнење од 30 минути поради „технички проблеми“, а потоа ги известил патниците оти авионот е пренасочен и оти ќе слета на московскиот аеродром Шереметјево.
Претходно, полицијата уапси околу 10 приврзаници на опозиционерот Алексеј Навални, кои го чекаат на аеродромот Внуково. Меѓу уапсените е и опозициската политичарка Љубов Собољ.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори