Навални може да умре во затворот, стравуваат неговите затворски лекари
Љубов Собол, најблиската соработничка на затворениот руски опозиционер, Алексеј Навални, денеска искоментира дека нема надеж дека може да се добијат добри вести за здравјето на нејзиниот пријател, кој пред неколку недели почна штрајк со глад, јавија британските медиуми.
Собол за радиото „Ехо на Москва“ изјави дека сојузниците на Навални се надеваат дека до крајот на денешниот ден ќе добијат информации за неговото здравје.
Докторите задолжени за здравјето на Алексеј Навални кажуваат дека „тој може да умре за неколку дена“, доколку не му биде укажана соодветна грижа.
Лекарите тврдат, пишува Би-Би-Си, дека најновите откритија во крвта на Навални покажуваат дека тој може да умре во секој момент од срцев удар или бубрежна слабост.
Навални штрајкува со глад веќе 19 дена за да добие соодветни лекови за акутната болка во грбот и вкочанетоста во нозете.
Рускиот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, изјави дека „нема да се дозволи Навални да умре во затвор, но дека тој се однесува како хулиган“. Познатиот критичар на Путин заврши во затвор во февруари.
Четворицата лекари кои го лекуваат во затворот, меѓу кои и неговиот личен лекар, Анастасија Василиева, и пишале на затворската управа и бараат дозвола итно да го посетат Навални. Лекарите во писмото велат дека нивото на калиум во крвта на Навални стана критично.
„Ова значи нарушена функција на бубрезите и дека во секое време може да се појават и сериозни проблеми со срцето“, пишуваат загрижените лекари. Нивоата на калиум во крвта повисоки од 6,0 mmol на литар вообичаено бараат итно лекување. Нивото на калиум во крвта на Навални е околу 7,1, согласно податоците на лекарите добиени од неговите адвокати.
Лекарите бараат итно одобрување за да го видат Навални, се вели во писмото, „земајќи ги предвид тестовите на крвта и неговото неодамнешно труење“.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг