Навални доби ултиматум до утре да се врати во Русија или му следи затвор

Руската затворска служба денес му постави краен ултиматум на опозицискиот лидер Алексеј Навални веднаш да се врати од Германија и утре изутрина да им се пријави на властите, или по враќање во Русија на друг датум да се соочи со моментална затворска казна, бидејќи на 30 декември му истекува условната затворска казна, јавија британските медиуми.
Федералната служба за затвори (ФСИН) го обвини Навални за прекршување на правилата за привремено ослободување, затоа што не ја одлежал затворската казна од 2014 година, а, исто така, е обвинет и за избегнување на соочување со руските инспектори за криминал.
Навални се наоѓа на условна казна, откако беше осуден на 3,5 години затвор за кражба, што тој ја оцени како „политички мотивирана“, а условната казна истекува на 30 декември.
Како еден од главните критичари на политиката на рускиот претседател Владимир Путин, Навални во август во кома беше префлен во Германија, откако претходно колабира во авион на пат од Томск за Москва по наводно труење.
Непосредно пред заминувањето за Германија, Навални беше во болница во рускиот град Омск, бидејќи неговата здравствена состојба беше многу лоша.
Западните земји проценија дека некој се обидел да го убие со нервниот агенс „Новичок“, додека Русија соопшти дека нема докази дека е отруен и негира било каква вмешаност во инцидентот.
Ново на Сител
-

Комеморација за киднапираните и убиени Македонци во 2001 година во тетовско Непроштено
-

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
-

Сончево со локална облачност и температура до 34 степени
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
