Научници тврдат дека во вакцината на „Фајзер“ нема состојки кои не се халал

Салман Вакар од британското исламско медицинско здружение (БИМА) изјави дека вакцината против коронавирусот на „Фајзер“ не содржи состојки кои не се халал.
БИМА на почетокот на месецот изјави дека вакцината не содржи никакви компоненти од животинско потекло.
„Нема содржина од животинско потекло, односно нема желатин, а и останатите помошни супстанции не се загрижувачки“, изјавија од британското здружение.
Вакар за „Њузвик“ додаде дека халал аспектот на вакцината на „Фајзер“ го забележале неколку научници од сунитско и шиитско потекло во Велика Британија, како и меѓународни научници.
Фатвата ја издаде Јусуф Шабир, а беше одобрена од муфтијата Шабир Ахмад, муфтијата Мухамед Тахир и советничката за национален здравствен систем Мавлана Калингал Ријад, наведувајќи дека вакцината е халал врз основа на достапните информации.
И британската влада потврди дека вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ против коронавирус не содржи никакви компоненти од животинско потекло.
Холестеролот што се наоѓа во вакцината не доаѓа од животинска маст, поради што е халал.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
