Научници откриле редок вид на кит
Истражувачите, кои ги проучуваат ретките видови на китови во северниот дел на Тихиот Океан овој викенд имале неочувано откритие.

Истражувачкиот брод во Беринговото Море денеска фотографираше две необични животни, а од едното е земен примерок за анализа, соопшти Националната океанска и атмосферта администрација (НОАА).
Биологот Џесика Кранс била на бродот Јушин Мару 2 кога се забалежани китовите. Бродот е дел од програмата за истражување на тихоокеанските китови и екосистеми. Благодарение на звучните сигнали Кранс го слушнала повикот на вистинските китови источно од Бристолскиот Залив.
По четири и пол часовната потрага и поминати 50 километри забележани се ретките животни. Станува збор за вид на китови, чија бројка изнесува од 30 до 50, изјави Филип Клапам од НОАА.
Клапам истакнува дека претераниот лов на овие китови на почетокот на 20 век значително го намалил нивниот број. Последен пат ваков кит е виден пред десет години.
Се очекува резултатите од анализите на примерокот да дадат подетални податоци за исхраната, репродуктивните хормони, родот.
Вистинските китови се исклучителен пример за сложеноста и разноликоста на животот на Земјата, но и натаму за нив се знае мошне малку.
Ново на Сител
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
