Loading Video...
Свет
15. February 2021 - 16:45

Научници oд Британија: Новиот сој на коронавирусот е веројатно поубиствен од оригиналот, за 30 до 70 отсто

Самоопределување по скоро една година откако ја изгуби власта на Косово, сега е на добар  пат да формира влада. Левичарската партија со   48 проценти освоени гласови е далеку пред сите други партии.

-Изборите се референдум за правда и вработување и против корупција и заробување на државата. Тоа е нешто без преседан во повоено Косово, рече Албин Курти.

За да владее Курти  ќе мора да обезбеди 61 пратеник, односно да ги здружи силите со најмалку еден политички партнер.

-Оваа голема победа е можност да ги започнеме промените  што ги сакаме. Не чека многу работа бидејќи земјата е во повеќекратна криза. Патот е долг, ќе имаме пречки  рече победникот.

Притоа  нагласи  дека дијалогот што Косово и Србија го водат преку ЕУ нема да биде приорит  за неговата влада.  Темата како што појасни Курти  на спискот на приоритети е на шестото или седмото место. Во нашиот фокус ќе бидат работните места и борбата против корупција – две нешта  кои ги  очекуваат граѓаните на Косово од новата Влада.

-Сакам да видам промени, повеќе работни места за млади луѓе.

-Сакаме работа.

-Луѓето сакаат работа, сакаме да се ослободиме од корупцијата. Сакаме подобри услуги во здравствениот сектор. 

Честитки  до Самоопределување упатија Демократската партија на Косово која е на второ место со освоени речиси 18 проценти  и партијата на  досегашниот премиер Хоти ,која не очекуваше  дека ке забележи толку слаб резултат на вчера одржаните избори. Демократска лига освои 13 проценти. Двете партии ветија  дека ќе бидат конструктивна опозиција во интерес на државата. Алијансата за иднината на Косово има околу 7 проценти, а голем успех на изборите забележа Српската листа кои ги освои сите, со Устав загарантирани 10 места во 120 члениот косовски парламент.