Натпревар за мини видеа на тема „Слобода на изразување“

Францускиот институт во Скопје, во соработка со асоцијацијата „Метаморфозис“ и регионот Нормандија го организира второто издание на конкурсот „Моето мини-видео“. Годинава темата е „Слобода на изразување“.
Конкурсот е отворен за младите од 18 до 28 години, по можност франкофони или англофони, кои се интересираат за мултимедијалната сфера. Потребно е да имаат мобилен телефон со камера.
Најуспешните мини-видеа, во траење од три минути, ќе бидат прикажани на новото издание на Фестивалот на француски филм, кој ќе се одржи од 15 до 18 јуни годинава. Победникот на конкурсот ќе биде гостин на фестивалот „Off-Court“ во Трувил, Нормандија, а ќе добие и подготвителни часови по француски јазик од Францускиот институт во Скопје.
Две подготвителни работилници ќе се одржат на 12-ти и 13-ти овој месец, а се наменети за селектираните кандидати со цел да им се дадат упатства за пишување сценарио, за технички совети и практична реализација на видеото. Можни работни јазици ќе бидат француски, македонски, албански и англиски.
Заинтересираните кандидати треба да го преземат формуларот за учество на следниот линк: http://www.ifs.mk/mk/
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
