-->
-->
НАТО стои зад Турција и одобри нови мерки за одбрана
-->
Сојузниците ја поддржуваат Турција со огромна солидарност, се наведува во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО по преговорите во Брисел.
Тие изразија подготвеност, „во духот и солидарноста на 28-те земји-членки на Алијансата, да продолжат со разработување дополнителни мерки за гарантирање на безбедноста“.
- Нашиот сојузник Турција се наоѓа буквално на линија на фронтот. Разгледуваме како можеме да продолжиме да ја зголемиме воздушната одбрана на Турција и да ги употребиме воспоставените одбранбени планови за земјата, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг.
Тој нагласи дека мерките се очекува да бидат утврдени за неколку недели. Некои членки на НАТО настојуваат за поактивен дијалог со Москва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата