НАТО: Се ставаат во состојба на готовност 300.000 војници за „судир што може да се случи во секој момент“
Северноатлантската алијанса се подготвува за „судир што може да се случи во секој момент“, јавија британските медиуми за воените планови на НАТО.
Како што се наведува, овие планови ќе се решаваат на самитот на Алијансата во Вилнус во јули, а нивната цел е „подобра подготвеност на Алијансата за напад и подобрена логистика“.
За првпат по Студената војна, НАТО ќе ги ажурира своите борбени планови за тоа како да се одговори во случај на руски напад.
-Фундаменталната разлика меѓу менаџирањето со криза и колективната одбрана е тоа што ’не сте вие, туку нашиот непријател е тој кој одлучува кога ќе нападне’, изјави адмирал Роб Бауер, еден од највисоките воени претставници на НАТО.
НАТО тоа го нарекува „регионални планови“, а како дел од нив членките на НАТО ќе добијат насоки.
-Сојузниците точно ќе знаат какви сили и способности се потребни, вклучително и што, каде и кога да се распоредат, коментираше Јенс Столтенберг, шеф на НАТО, за доверливите документи.
Со овие планови се формализира процесот што почна по руската анексија на Крим во 2014 година, кога западните сојузници првпат испратија борбени единици на исток, а Велика Британија, Канада и Германија ги презедоа водечките улоги во трите балтички држави.
Алијансата, согласни се експертите, повеќе не се подготвува за голем напад, туку за неколку помали, регионални кризи, за кои ќе бидат потребни сили за брзо распоредување.
Впрочем, картите се значително различни отколку во Студената војна, со оглед на повеќето земји- членки и пристапувањето на Финска. Сега и таа граница е значаен дел од сложувалката, а претходно главното потенцијално бојно поле беше Германија.
Големата вест е постоењето на беспилотни летала, хиперсоничното оружје и брзата циркулација на информации.
Има многу предизвици – треба да се стават 300.000 војници во готовност, од претходните 40.000, а има и производство на муниција и оружје, исцрпени од војната во Украина, се наведува во плановите на Алијансата.
Ново на Сител
-
Ципрас му дојде на Заев на гости во Струмица
-
Албанската опозиција со вкупно 7 пратеници постави услов за поддршка на уставните измени
-
Владата почна постапка за поставување споменици на бранителите на Карпалак, Вејце и во Љуботенски бачила
-
Прв академски час на универзитетите во Македонија
-
Зголемен интерес за студирање на Педагошкиот факултет
-
Поголема вклученост и поддршка за младите
-
Нема биолошка терапија за болните од рак
-
Стартува новата академска година - со бројни свечености одбележан првиот академски час