НАТО: Поголемите издвојувања на земјите членки за одбрана не значи автоматски поголема безбедност
Висок воен претставник на НАТО синоќа предупреди дека драстичното зголемување на цените на оружјето значи дека повисоките трошоци за одбрана на сојузниците не се претвораат автоматски во поголема безбедност и повика на повеќе приватни инвестиции во одбранбените компании.
„Цените за опремата и муницијата растат. Во моментов, ние плаќаме се повеќе и повеќе за истото“, нагласи холандскиот адмирал Роб Бауер, претседател на воениот комитет на НАТО, по состанокот на началниците на одбраната на алијансата во Осло.
„Тоа значи дека не можеме да бидеме сигурни дека зголемените трошоци за одбрана всушност ќе доведат до поголема безбедност“.
НАТО притиска за зголемување на одбранбеното производство за да ја задоволи побарувачката за оружје и опрема што се зголеми по руската инвазија на Украина, бидејќи сојузниците не само што брзаат со снабдувањето на Киев, туку и создаваат сопствени залихи.
Една од главните грижи е недостигот од артилериски куршуми од 155 милиметри, Киев истрелува до 10.000 од таа муниција дневно.
Тој рече дека е потребен нов пристап на јавно-приватната соработка во одбранбениот сектор за зголемување на производствените капацитети.
Ново на Сител
-

Пожарникарите спасија мало теле на Китка
-

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар
-

Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани
-

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026
-

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари
-

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Собранието демантира дека плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените
-

Николоски: Продолжува поддршката за Општина Струга, заеднички работиме на големи инфраструктурни проекти
