НАТО ќе испрати уште 3.000 војници во Авганистан
Министрите за одбрана на НАТО в четврток ќе усвојат одлука за испраќање на дополнителни три илјади војници во Авганистан, соопшти денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Тој прецизира дека со тоа бројот на воените инструктори од НАТО во Авганистан ќе достигне 16.000, од кои половината се од САД, а останатите се од другите земји членки на Алијансата и државите партнери.
Според него, Авганистан преживува тешки денови поради зачестените напади, кои ги нарече бесмислени.
Столтенберг истакна дека на дводневната средба на министрите од НАТО, утре и задутре, ќе го покрене прашањето за ветеното финансирање на авганистанските сили за безбедност.
Тој додаде дека освен САД, останатите земји од НАТО ветиле дека секоја година ќе обезбедуваат по една милијарда долари за таа цел.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o