НАТО ќе ангажира 36 илјади војници на вежба за спротиставување на закана од ИД

НАТО планира да одржи големи воени вежби со учество на 36 илјади војници со цел да се спречи заканата на Исламска држава од јужното крило.
Команданти на НАТО синоќа најавија една од најголемите вежби во сложено „сценарио на лажна закана“ во која милитанти напаѓаат од копно, од воздух и море.
- Не можеме да избираме меѓу закани од исток и закани од југ, мора да се вежба за двете, изјави генерал Ханс Лотар Домросе од Командата во Холандија задолжен за подготовка на вежбите.
Во вежбите што ќе се одржат од 3 октомври до 6 ноември во Италија, Шпанија и Португалија ќе учествуваат војници од повеќе од 30 држави меѓу кои и од Шведска и Австрија.
НАТО не организирал толку големи воени вежби од 2002 година кога 15 држави членки и 12 партнерски држави учествуваа во проверка на подготвеноста во Норвешка и Полска.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
