Наташа Петровска прва жена градоначалник на Битола

Наташа Петровска, првата жена градоначалник на Битола, денеска и официјално со свечена церемонија на примопредавање на функцијата, почна да раководи со општина Битола.
Овој момент е историски за нашиот град, истакна доскорешниот градоначалник Владимир Талески, кој на Петровска на симболичен начин и го предаде клучот на градот.
- Петровска убедливо победи на локалните избори, и ја честитам победата, и посакувам трпение, среќа и задоволство во работата што ќе ја работи бидејќи општина Битола не е како секоја друга општина во државата. Тоа обврзува и бара посветеност за развој на општината, истакна Талески, кој воедно се заблагодари за досегашната соработка со општинската администрација.
На свеченоста во општина Битола, новоизбраниот градоначалник Наташа Петровска јавно се заблагодари за поддршката на сите кои придонесоа за нејзиниот избор за градоначалник на Битола.
- Битола ќе биде транспарентна и отворена општина, услужна општина за сите. Својата енергија и ентузијазам, стручноста и искуството ќе ги вложам во мандатниот период. Посветеноста ќе биде моја одлика. Знам дека пред мене е многу работа и обврски. Подготвена сум да одговорам на сите задачи, а граѓаните тоа и ќе го видат, истакна Петровска на свеченоста која беше приредена во овој град.
Ново на Сител
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
