Наставничка по географија ги шокирала сите - Учениците на интернет пронашле нејзини „снимки“
Георгиана Д., 27-годишна наставничка во мало училиште во селото Присацани во Романија поднела оставка откако се нашла во средина на секс скандал.
Еден од нејзините ученици на интернет случајно пронашол компромитирачко видео кое го снимила за Webcam. Видеото и фотографиите потоа ги споделил со своите колеги од училиштето, а многу брзо спорната содржина ја виделе и нејзините претпоставени.
- Во шок сме. Воопшто не е важно кога е направено видеото. Некој со вакво минато не може да работи во нашето училиште, порача директорката која раскаша како Георгиана пред две години се вратила во своето родно село од град.
- Ме молеше за работа. Буквално ме преколнуваше да и најдам работа. Завршила студии по географија и јас одлучив да и пружам можност. Вакво нешто не очекував, додаде директорката.
Ученикот, 14-годишното момче кое го споделило видеото со пријателите, не е именувано. На снимката наводно се гледа како учителката има полови односи со неименуван маж.
На Георгиана сега и се заканува доживотна забрана за предавање во училиште.
- Оваа жена била вклучена во активности кои едноставно не се примерни за некој кој работи со деца. Иако се работи за нејзиниот приватен живот, сепак се работи за некој кој на децата треба да им биде пример, кажа инспекторката Магда Андреску од министерството за образование и додаде дека ќе бара да и се оневозможи во иднина да работи со деца.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци