Насрала: Хезболах ќе остане во Сирија се додека не бидат поразени џихадистите
Либанската шиитска организација Хезболах ќе продолжи да се бори заедно со сирискиот режим, се додека не бидат поразени џихадистите од Исламска држава (ИД) и сирискиот огранок на Ал Каеда, изјави лидерот на движењето Хасан Насрала.
- Дојдовме во Сирија да и помогнеме на земјата да не падне во рацете на ИД и Ан Нусра. Додека ни трае ангажманот таму, ние ќе останеме, истакна Насрала.
Тој даде ваква изјава една неделе откако Русија, големиот сојузник на Башар ал Асад, најави повлекување на главнината од својот воен контингент во Сирија.
- Без разлика дали Русите си заминуваат или остануваат, или пак Иранците, нашата судбина е нераскинлива со онаа на сириските браќа, нагласи лидерот на Хезболах.
Во 2013 година Хезболах испрати илјадници свои борци да му помогнат на режимот во Дамаск во борбата против џихадистите и бунтовниците.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс
-
Амнести интернешнл обвинува: Израел ја милитаризира хуманитарната помош заради продолжување на геноцидот
-
Голем пожар во близина на Атина
-
Путин најави телефонски разговор со Трамп
-
На 11 и 12 јули Кратово по седми пат ќе биде домаќин на Фестивалот „Златни денови“
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители