„Насоки“ во конкуренција на програма на Канскиот филмски фестивал

Филмот „Насоки“ на режисерот Стефан Командарев ќе учествува во конкуренцијата на престижната програма „Извесен поглед” (“Un Certain Regard”) на Канскиот филмски фестивал, кој ќе се одржи од 17 до 28 мај и одбележува 70 години од постоењето.
Филмот е копродукција меѓу Арго Филм, Бугарија; Актис Филм, Германија и Сектор Филм од Македонија. Финансиски филмот е поддржан од Бугарскиот национален филмски центар, Регионалниот филмски фонд МДМ, Агенцијата за филм на Република Македонија, како и Европскиот филмски фонд Еуримаж.
„Насоки“ е современа драма чие дејство се одвива во рамките на 24 часа, каде во шест такси возила се испреплетуваат судбините на група луѓе - херои од сегашната балканска реалност. Во тоа деноноќие сме сведоци на некои од реалните проблеми, па дури и апсурди на денешното општество на овие простори.
Командарев е и сценарист на филмот заедно со младиот драматург Симеон Венциславов. Македонскиот дел на авторската екипа ја сочинуваат костимографот Жаклина Крстевска и шминкерот Мартин Павловски. Продуценти на филмот од Македонија се Владимир Анастасов и Ангела Несторовска.
Ново на Сител
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
