Наскоро нова градинка во општина Аеродром, ќе бидат згрижени над 200 деца
– Новата градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром пред пуштање во употреба добива нов изглед во внатрешноста. Таа е изградена со капацитет за згрижување на над 200 деца и на површина од 1.700 квадратни метри, со осум занимални и најсовремени услови за згрижување на најмладите.
– Градинката има важна улога во процесот за социјализација и едукација на најмладите. Дечињата од нашата општина ќе бидат сместени во модерни објекти, а секојдневно времето ќе го минуваат во простории и атмосфера креирана од нивниот омилен македонски бренд „Светот на Биби“, соопшти Општина Аеродром.
Од Општина Аеродром информираат дека вложуваат во нови капацитети за децата.
– И понатаму инвестираме во изградба на нови објекти со што ќе ја оствариме нашата цел да нема повеќе чекања за упис во ваков тип на јавна установа, се наведува во сооопштението од Општина Аеродром.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци