Наскоро ќе започне испораката на жито од Украина, потврдуваат турски и руски претставници
Првите количини украинско жито би можеле да бидат натоварени на бродовите оваа недела, а потоа ќе започне извозот на жито, објави неименуван турски претставник.
„Нема да поминат повеќе од неколку дена. Се чини дека оваа недела ќе се натоварат првите зрна и дека ќе се изврши извозот од Украина“, вели турскиот функционер. Рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко потврди дека првите бродови со украинско жито наскоро би можеле да испловат кон Црното Море.
Сепак, тој предупреди дека договорот за деблокирање на извозот на украинското жито, постигнат со посредство на Турција, може да пропадне доколку наскоро не се отстранат пречките за извоз на руски земјоделски производи.
„Судејќи според она што го велат нашите колеги од Турција, каде што се наоѓа (заедничкиот) координативен центар, се очекува во блиска иднина да започнат испораките, барем од Украина“, рече Руденко. Тој изрази надеж дека договорот за жито ќе опстане.
Ново на Сител
-
ЕК ѝ изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции
-
Вучиќ објави дека СНС нема да одржи митинг во Белград на 28 јуни
-
Во првиот квартал за 4,8 проценти намален прометот од продажба на услуги, зголемување во одделот Туристички агенции и туроператори
-
Трамп: Го повикувам Иран на преговори пред да биде предоцна
-
Влада: Обезбедени 50 милиони денари за нови средношколци во дуално образование
-
Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад
-
Заедничка изјава на Г7: Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје
-
Трамп повикува на евакуација на Техеран, конфликтот меѓу Израел и Иран влегува во петтиот ден