Наскоро ќе се воведе зонско паркирање во центарот на Гевгелија
Најпрво во централното градско подрачје, а потоа и во другите градски зони и евентуално во поголемите населени места во општина Гевгелија, наскоро ќе се воведе зонско паркирање.
Во врска со проблемот за паркирање на возилата градоначалникот Сашо Поцков денеска потсети дека со одлука на поранешниот Совет на општина Гевгелија од 2016 година за определување на јавни паркиралишта и начинот за нивно одржување предвидено е зонското паркирање.
Поцков посочи дека оваа одлука како и многу други базични информации околу начинот за решавање на горливиот проблем во Гевгелија, исто така, ќе бидат земени во предвид при барањето решение за регулирање на паркирањето во централното градско подрачје.
- Изготвувањето на студијата за зонско паркирање во центарот на Гевгелија е во тек. По нејзиното завршување ќе распишеме тендер со што верувам и се надевам дека во најскоро време ќе имаме зонско паркирање во центарот на Гевгелија, изјави Поцков.
Студијата предвидува во проектот да биде вклучена и специјализирана куќа која ќе изработи софтвер со кој дигитално ќе се регулира зонското паркирање во Гевгелија
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
