-->
-->
НАСА реши да најде вонземјани - „ Ќе дознаеме дали сме сами“
-->
Ново, значајно унапредено беспилотно возило ќе биде пратено на друга планета во рамки на мисијата Марс 2020, чија задача е да пронајде знаци на некогашно постоење на микробиолошки животНовиот ровер ќе биде наследник на роботското возило Кјуриозити 2012 кое сè уште се наоѓа на Марс. Изгледаат многу слично и ја делат истата технологија, со тоа што новиот ровер содржи нови седум инструменти и редизајнирани тркала, тврдат научниците од НАСА.
Со помош на многу сензори со кои е опремен ќе може да го проучува почвата на планетата, како на површината така и под површината. Негова задача е биде да прибере различни примероци од почвата и карпите барајќи знаци на живот.
„Ова што ќе го дознаеме врз основа на примероците кои ќе се соберат во текот на оваа мисија треба да ни открие дали сме сами во вселената“, вели Кен Фарли, еден од научниците кои работат на проектот.
Новата технологија овозможува откривање знаци на живот врз основа на микроби. Со помош на спектрометар можно е да се воочат и најмалите дамки со големина на зрно сол, но и со помош на ултравиолетови ласери ќе регистрираат невидлив сјај кој потекнува од прстените на атомите на јаглерод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски е подготвен за средба со Радев во секој момент, но нема иницијатива
-

Километарски колони на Табановце откако системот Безбеден Град почнува да казнува и странци
-

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за извештаите за загадена вода во Гостивар додека Венко Филипче бил министер
-

Над 10.000 овци угинаа во Македонија од овчи сипаници, сточарите бараат итни мерки за заштита
-

Разнесени трупови на еутанизирани овци, сточарите бараат итна реакција од АХВ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на Владата
-

Здравство преку СМС ќе ги информира граѓаните од засегнатите општини како да се заштитат од западнонилска треска
