-->
-->
НАСА ќе испрати дрон на сателит на Сатурн
-->
НАСА има намера до 2026 година да испрати дрон на Титан – најголемиот природен сателит на планетата Сатурн. Мисијата ќе трае осум години.
Дронот, наречен „Вилинско коњче”, е голем колку возило за голф-терен и има четири пропелери, а на својата мисија ќе тргне 2026 година. Титан има одредени сличности со својствата на Земјата пред појавата на човекот.
– Титан е поинаков од кое било друго тело во нашиот Сончев Систем и е најспоредлив со „раната Земја“ – смета администраторот на НАСА, Џим Брајденстејн.
„Вилинското коњче“, кое ќе се движи со нуклеарен погон, ќе биде оспособено да мине над 160 километри низ густата атмосфера на Титан. Инструментите на леталото ќе ги истражуваат условите за живот на Титан и ќе бараат хемиски траги од живот во минатото, па евентуално, и сегашен.
Агенцијата најави и нова мисија за истражување на сончевиот состав, со цел – барање податоци што би го објасниле потеклото на човештвото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг