Народна банка на Србија: Лани рекордно ниво на онлајн пазарење - секој ден во просек по 225.000 купувања

Во Србија лани се направени рекордни 82,4 милиони купувања преку интернет – во просек дневно над 225 илјади купувања, јави МИА од Белград.
Онлајн купувањето во Србија станува важен сегмент на платежниот пазар кога станува збор за купувањата направени со картички и е-пари, а во претходниот период се забележува континуиран пораст на бројот на онлајн купувања, соопшти Народната банка на Србија (НБС).
Тие прецизираат дека во 2024 година имало за 39,2 отсто повеќе онлајн купувања отколку во 2023 година, кога имало 59,2 милиони такви набавки, додека во однос на периодот пред пет години, во однос на 2020 година, бројот на онлајн купувања минатата година бил за 288,5 отсто поголем.
Според податоците на Централната банка на Србија, од вкупниот број купувања преку интернет од страна на клиентите на давателите на платежни услуги во 2024 година, повеќе од две третини, или 68,5 отсто, биле направени во домашна валута.
На крајот на минатата година, според НБС, бројот на домашни онлајн продавници се зголемил на 4.726, што е за 17,9 отсто повеќе од крајот на 2023 година и за 134,8 отсто повеќе од крајот на 2020 година.
Ново на Сител
-

Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Поранешниот правобранител Фехми Стафа е уапсен за земање поткуп од 50.000 евра за да влијае врз судија
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
