Народен правобранител: Децата да не бидат цел на манипулации
Народниот правобранител во денешното соопштение изразува загриженост за обидите за инволвирање деца во протестите организирани во повеќе градови во Македонија.
- Истовремено најостро ги осудува настапите на раководни лица во училиштата поради што ги повикува училишните одбори, градоначалниците, Државниот просветен инспекторат и Министерството за образование и наука веднаш и без одлагање, секој во рамките на своите надлежности да преземе соодветни мерки спрема лицата кои агитираат или дозволуваат во училиштата да се врши агитација и обиди за политичко инволвирање на учениците, се наведува во соопштението од Канцеларијата на Народниот правобранител.
Ваквите настапи, како што е посочено, се спротивни на Законот за средното образование со кој е забрането секакво политичко и верско организирање и дејствување и надвор од целите на образованието-училиштата да бидат места каде ќе се врши основната дејност воспитно-образовниот процес.
- Народниот правобранител во континуитет ги следи ваквите случувања за што веќе води постапки и по сопствена иницијатива и по поднесени претставки на родители и укажува децата во никој случај да не бидат цел на манипулации и злоупотреби, имајќи предвид дека тие според сите меѓународни и домашни регулативи уживаат посебна заштита, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните