Нарачал убиство по смс, ама го згрешил бројот

Џеф Литл (42) од Вашингтон, САД, имал намери да ја убие својата сопруга и четиригодишната ќерка, но наместо на својот познаник, убиецот именуван како Шајн, му испратил СМС на својот шеф. Бизнисменот потоа итно и дојавил на полицијата, јавува „Метро“.
„Еј, Шајн, како е. Помниш ли дека ми рече оти можеш да ми помогнеш да ја убијам жена ми. Ќе го прифатам предлогот“, гласи пораката на Литл.
Жената е иденификуана како Рода Ми Фунтанила Литл. Преписката од СМС пораките што полицијата ги открила по претресот потоа, ги содржи и сите подробности за тоа каде жената работи и времето кога таа се враќа од работа. Убиството требало да изгледа како грабеж каде што работите излегле од контрола.
Нејзиното животно осигурување изнесува 1,5 милиони долари, па планот бил - по убиството нарачателот и извршителот да си ги поделат парите од отштетата.
По претресот, Литл се правдал дека застрашувачките пораки зачувани во неговиот телефон можеби се случајно испратени од неговата ќерка.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
