Наполи сака да го ангажира Де Брујне

Водечкиот тим во Серија А, Наполи, сака да го доведе во своите редови во летниот преоден рок 33-годишниот белгиски репрезентативец Кевин де Брујне, чиј договор со Манчестер Сити, по десетгодишен престој во англискиот клуб, истекува на 30 јуни, објавија денеска италијанските медиуми.
Де Брујне веќе објави дека го напушта Сити и би можел да се приклучи на италијанскиот клуб како слободен агент, без обесштетување.
Астон Вила и МЛС лигашот Чикаго, исто така, го сакаат белгискиот репрезентативец. Де Брујне има богати понуди и од Саудиска Арабија, но белгискиот фудбалер од средниот ред сака да остане во Европа, пишуваат италијанските медиуми, додавајќи дека претставници на Наполи веќе воспоставиле контакт со Белгиецот.
Де Брујне е во Манчестер Сити од август 2015 година и има освоено 16 трофеи со англискиот клуб, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата, како и Лигата на шампиони во 2023 година.
Во дресот на Сити, Де Брујне постигна 106 голови во сите натпреварувања и има 117 асистенции во Премиер лигата.
Во историјата на Премиер лигата, само Рајан Гигс со 162 асистенции е пред Де Брујне во оваа статистичка категприја.
Ново на Сител
-

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа
-

Променливо облачно со локален дожд
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
