Фудбал
19. April 2016 - 12:29

Наполи и Болоња го отвараат 34-коло во Серија А

 
Со натпреварот кој ќе се игра вечерва од 20 часот и 45 минути, а во кој второпласираната екипа на табалата Наполи е домаќин на тимот на Болоња, ќе започне три дневната програма од 34.коло во италијанската Серија А. 
 
За утре закажани се најголемиот дел од натпреварите, а двојките се: в
Сасуоло – Сампдорија, Удинезе – Фиорентина, Рома – Торино, Палермо – Аталанта, 20:45 Јувентус – Лацио, Џенова – Интер, Емполи – Верона и Киево – Фрозиноне. 
 
Колото ќе биде комплетирано во четврток со средбата Милан – Карпи 
 
Табела: Јувентус 79 бод, Наполи 70, Рома 65, Интер 61, Фиорентина 59, Милан 52...