Наплив на пајаци по поплавите во Австралија | ВИДЕО
Илјадници пајаци ги напуштија своите живеалишта по поплавите во австралискиот Нов Јужен Велс.
Професорот Дитер Хочули, кој е на чело на еколошката група на Универзитетот во Сиднеј, вели дека пајаците отсекогаш биле таму, но главно незабележителни.
„Кога избувнуваат поплави, тие суштества треба да се преселат затоа што не можат повеќе да живеат во истите живеалиште. Тие се обидуваат да најдат некои повисоки области додека не се повлечат водите", рече тој.
За потсетување, околу 18.000 жители на австралиската држава Нов Јужен Велс беа евакуирани поради најголемите поплави во последните 60 години, а се очекува обилните дождови да продолжат да паѓаат и во следните неколку дена.
Беше предизвикана значителна материјална штета во погодените области, каде што живеат околу 25 милиони Австралијци.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена