Напаѓачот што уби девет луѓе во југоисточна Турција дејствувал сам

Ученикот што вчера во турската покраина Кахраманмараш уби девет лица, дејствувал сам и не е поврзан со милитантни терористички групи, соопштија турските власти.
Четиринаесетгодишниот ученик вчера отвори оган во своето училиште, при тоа убивајќи ученици и еден наставник, а и осомничениот е, исто така, мртов.
Таткото на осомничениот, пензиониран полицаец, е уапсен. Се претпоставува дека напаѓачот го користел оружјето на таткото. Приведена е и мајката.
Според локалните медиуми, таткото една недела пред инцидентот го однел синот на стрелиште, бидејќи детето покажувало интерес за оружје.
Инцидентот се случи еден ден откако ученик отвори оган во средно училиште во југоисточниот град Шанлиурфа, недалеку од Кахраманмараш, при што беа повредени 16 лица, од кои 10 ученици.
Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека ќе бидат зголемени безбедносните мерки во училиштата ширум Турција.
Ново на Сител
-

Се укинува Пржинската влада
-

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците
-

Се укинува Пржинската Влада
-

Тема на денот со Даниела Иротова Лазарева, директорка на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието
-

Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
-

Народен правобранител: Системот со сериозни слабости, секое петто дете е жртва на сексуално насилство
-

Треба ли државата да ги забрани социјалните мрежи за децата
-

Собранието решава за техничката влада
