Силва потоа повторно го вперила пиштолот во момчето, го свртела на стомак и повикала засилување.
„Напаѓачот пукал еднеш, но тој куршум рикошетирал. Кога втор пат се обидел да пука, пиштолот се заглавил. Фала на Бога што била побрза, зошто кога напаѓачот сфатил дека пред него има полицаец, тој пука за да убие, изјави Андре Алвес, сопруг на Силва, кој е исто така полицаец.
Еливетон неколку часа подоцна почина во болница, а Силва, која е мајка на две девојчиња, ја слави цел Бразил. Трезвената полицајка, зад која се 20 години стаж, ја спасила групата мајки со деца, кои немале шански против овој вооружен напаѓач.
Гувернерот Марсио Франса и честиташе на храбрата полицајка, ја пофали нејзината храброст и техника и и врачи цвеќе, но исто така изрази и жалење за смртта на напаѓачот.
„Не е идеално кога осомничениот ќе умре. Сакавме да не случи тоа. Но ова е предупредување за сите да се држат настрана од оружјето зошто може да бидат убиени зошто нашите полицајци се професионалци и добро обучени за да ги заштитат луѓето, гордо изјави гувернерот.