-->
-->
Напаѓачот од истанбулскиот ноќен клуб не е меѓу осуммината осомничени за нападот
-->

Напаѓачот, кој отвори оган кон луѓето во истанбулскиот ноќен клуб „Реина“ на новогодишната ноќ и при тоа загинаа 39 лица, а 69 се повредени, не е меѓу осуммината приведени кои се осомничени за нападот, јави ДПА.
Локалните медиуми јавија претходно дека турската полиција задржала осум лица под сомнение дека се виновни за нападот, за што одоговорноста ја презеде ИД.
Напаѓачот успеал да избега веднаш по нападот. Турските медиуми објавија нејасни фотографии од мажот, по кој се уште се трага.
Според информации од турските медиуми вооружениот напад можно е да е извршен од државјанин на Узбекистан или Киргистан.
Министерството за надворешни работи на Киргистан соопшти дека ги испитува овие информации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
