Нападнати полицајци во Тетово

Тројца полицајци од Тетово вчера физички биле нападнати при легитимирање на двајца Тетовци.
Како што соопшти МВР изутрината околу 2 часот на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, полицајците од Полициската станица во Тетово физички биле нападнати од лицата М.М. (26) и И.А. (28), кои биле познати како извршители на повеќе кривични дела.
Полициските службеници, кога ги забележале лицата, се легитимирале и побарале и тие да го направат истото и да ги извадат предметите од нивните џебови. Притоа, М.М. почнал да вика, се доближил до едниот полициски службеник и физички го нападнал удирајќи го со тупаници во пределот на градите. Откако регирале и другите двајца полициски службеници, лицата биле совладани и приведени во Полициската станица во Тетово за понатамошна постапка.
Од МВР преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
-

Родители бараат регионални стоматолошки центри за деца со попреченост
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
