Нападната со домати: Меркел по втор пат недела гаѓана на митинг

Канцеларката на Германија и шефица на алијанската ЦДУ/ЦСУ Ангела Меркел повторно ја гаѓаа со домати на еден предизборен митинг.
Ова е втор пат неделава Меркел да биде нападната, јавуваат германските медиуми.
Како што соопшти вчера агенцијата ДПА, во текот на средбата со гласачите во Померанија, мета на напад со домати бил автомобилот на канцеларката.
„Оди си, оди си“ викаа демонстраните, од редовите на „десните“ партии, вклучувајќи ја и „Алтернатива за Германија“. На средбата со канцеларката присуствуваа над 150 симпатизери на десницата. Тие Меркел ја дочекаа со свирежи.
Како што пишува таблоидот „Билд“, сличен случај имаше и во градот Хајделберг на 5. септември. Непознати лица со два домати ја гаѓаа Меркел, облечена во црвено палто.
Изборите за Бундестагот ќе се одржат на 24. септември, а според анкетите најголема шанса за победа има токму коалицијата која ја предводи Ангела Меркел.
Ново на Сител
-

Опозицијата бара поевтино гориво
-

Уапсен професор од средното уметничко во Скопје – барал да има полови односи со ученичка
-

Антикорупциска не најде судир на интереси кај Томовски
-

Законот за јавно обвинителство ја помина првата фаза во Собранието со поддршка од 75 пратеници
-

Странските компании го намалуваат бројот на вработени
-

Хегсет: Денес ќе ги изведеме најинтензивните американски напади врз Иран
-

Конференција „Фер игра“: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики
-

Владата засега не гледа потреба за мерки за намалување на цените на бензините
