Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица

Пожарникари од Куманово биле нападнати во кругот на територијалната противпожарна единица, соопштија денеска од синдикатот на пожарникарите на Македонија. Случајот го потврди и СВР Куманово, а го осуди и градоначалникот на општината, Максим Димитриевски.
- Синдикат на пожарникарите на Македонија при НСДА изразува најостра осуда за синоќешниот брутален напад врз тројца наши колеги. Нападот со тупаници и камења врз пожарникари-спасители пред самиот објект на единицата е недозволив чин на насилство врз луѓе кои се во служба на граѓаните, велат од синдикатот.
Додаваат дека пожарникарите се службени лица и побараа Министерство за внатрешни работи и Обвинителството итно да ги процесуираат напаѓачите до Основниот суд Куманово.
За напад врз овластено лице мора да има кривична одговорност. Хуманоста не смее да биде цел на напад: Ние сме тука за да спасуваме животи и имоти. Пожарникарите заслужуваат почит и безбедност на своето работно место, а не физички напади. Бараме правда: Овој случај не смее да помине неказнето за да не се повтори. Институциите мора да покажат дека законот важи за сите и дека нападот врз спасителите е напад врз целата заедница, повикаа од синдикатот.

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски го осуди нападот, повика на брза реакција на институциите за решавање на случајот.
- Најостро го осудувам нападот што вчера се случи врз тројца пожарникари од Противпожарната единица Куманово. Недозволиво е напад на службени лица при вршење на својата службена должност. Пожарникарите, како и сите лица кои се во служба на чување на безбедност на граѓаните заслужуваат почит, а не физички напади. Апелирам надлежните институции итно да реагираат и да постапат согласно законот. Секој сторител на вакво дело треба да сноси одговорност. Посакувам побрзо закрепнување и враќање на работните задачи на повредените лица, повика Димитриевски.
Од СВР Куманово го потврдија случајот, укажувајќи дека се приведени две лица за нападот.
- Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Љ.Г.(32) и Ф.С.(32), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека пред зградата на Територијална противпожарна единица Куманово физички го нападнале С.С.(35) од Куманово, вработен во Територијална противпожарна единица Куманово. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, соопшти полицијата.
Од општата болница потврдуваат дека било примено едно лице во 18 часот вчера кој имал повреди на главата. По пружената помош пуштено е на домашно лекување.
МИА
Ново на Сител
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
