-->
-->
Напад врз база на мировници на ОН во Мали, тројца загинати
-->

Најмалку три лица загинаа денеска во напад врз база на силите за одржување на мирот на ОН во Кидал на северот на Мали, соопшти претставник на ОН.
Според неименуван извор од Мисијата на ОН во Мали, во нападот загинале двајца припадници на ОН и еден цивил.
- Нашиот камп во Кидал рано утрово го нападнаа терористи со ракети, рече претставник на ОН и додаде дека загинале припадници на мировните сили на ОН од Уганда.
Друг неименуван извор од ОН изјави дека во нападот се повредени 14 лица.
Северен Мали речиси цела 2012 година беше под окупација на исламистички борци, меѓу кои некои се поврзани со Ал каеда, а протерани се со воена операција на чело со Франција, но насилството продолжува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
-

Во струмичкиот затвор осудени лица добиваат можност да го завршат средното образование
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
